HomeОпштиниГрад Скопје: Заврши изградбата на улицата Есенинова

Град Скопје: Заврши изградбата на улицата Есенинова

spot_img
spot_img

Завршена изградбата на улицата Есенинова, која претставува ново сообраќајно поврзување на општините Аеродром и Кисела Вода.

Новата улица ги поврзува булеварите Борис Трајковски и Трета Македонска бригада и со истата ќе се намали сообраќајниот метеж кој се создава на крстосницата кај „Тутунски комбинат“.

Дополнително, изградена е нова водоводна и канализациона мрежа, поставено е улично осветлување и изградени се нови подземни бунарски линиски системи кои се во функција со резервоар, пумпна станица и поврзување со хидрантска мрежа.

Паралелно со градежните работи се изведоа заштитни огради и на крстосницата се постави нова светлосна сигнализација и соодветно обележување на хоризонталната сигнализација на коловозите.

 

 

 

Извор: Град Скопје 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија