spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Игралиштето Сокол добива нова Подлога

Карпош: Игралиштето Сокол добива нова Подлога

Во пресрет на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“ 2023 кој ќе се одржи во септември годинава, денеска започнаа подготовките за поставување на нова (гумирана) подлога на ова спортско игралиште кое се наоѓа во близина на ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ во населбата Карпош 1

Во таа насока, Општина Карпош апелира до сите сожители да бидат толерантни и да не влегуваат во рамки на теренот, додека се одвиваат градежните работи. Во оваа пригода ги замолуваме граѓаните (особено во наредните четири до пет дена) да бидат воздржани и да не газат по новата подлога, бидејќи се работи за хемиски композит на кој му се потребни неколку дена да се соедини во цврста маса.

 

Видео плејер

 

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...