spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Подготвена за почетокот на новата учебна година

Гази Баба: Подготвена за почетокот на новата учебна година

Градоначалникот Бобан Стефковски одржа состанок со директорите на општинските основни училишта на територија на Општина Гази Баба, а во пресрет на почетокот новата учебна година.
На состанокот се донесе заеднички заклучок дека она што е наша надлежност, како локална самоуправа, е во целост спроведено и дека сме подготвени за почетокот на новата учебна година.
Периодот максимално беше искористен во сите општински основни училишта за реализација на градежно – занаетнички работи со кои се создадени подобри услови за образование и воспитание на учениците.
Градоначалникот Стефковски ги информираше директорите дека постапката која се спроведува од општината за набавка на училишни униформи кои се бесплатни за сите 6800 ученици е во тек и со почетокот на учебната година истата треба да заврши.

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...