spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Признание за најповрзувачка општина во Скопскиот плански регион

Гази Баба: Признание за најповрзувачка општина во Скопскиот плански регион

Утрово градоначалникот Бобан Стефковски го прими признанието за изборот на Општина Гази Баба за најповрзувачка општина во рамките на Скопскиот плански регион.
Од страна на Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” и неговите партнерски организации е реализиран овој проект за избор на вело општина.
По направените испитувања на општината е спроведена јавна анкета на која граѓаните ја избраа Општина Гази Баба за најповрзувачка општина во Скопскиот плански регион.
Ова е уште едно признание кое претставува доказ дека посветено работиме и реализираме проекти во сите области на општественото живеење.
Како локална самоуправа ќе продолжиме и понатака со инвестирање во велосипедизмот во општината, преку субвенциите за граѓаните за набавка на велосипед, а оваа година за прв пат општината ќе постави велосипедски паркинзи и сервисни станици на различни локации.
Дополнително оваа година општината самостојно ќе го организира одбележувањето на Европската недела на мобилноста преку различни активности за подигање на свеста кај населението.

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...