Градоначалникот Бобан Стефковски направи посета на населеното место Гоце Делчев каде во тек се градежни активности за асфалтирање на локалните улици, а потоа во н. Ченто го пушти во употреба новиот спортски терен изграден на најсовремена тартан подлога на улица Среќко Пужалка.
Оваа година ја реализираме историски најголемата акција за асфатирање на локални улици во сите населени места. Во рамки на акцијата ќе се опфатат повеќе од 40 улици. Од почетокот досега, асфалтиравме локални улици во Ченто, Ергеле, Идризово, Булачани и други населени места.
Спортскиот терен кој денес го пуштивме во употреба е барање на граѓаните на кои години наназад им било ветувано, но никогаш не било изградено.
Општина Гази Баба во рамките на ова работно лето изгради осум спортски терени на најсовремена тартан подлога и еден спортски терен на подлога од вештачка трева. Инвестиции од ваков обем во спортската инфраструктура во Гази Баба досега немало.
Во периодот пред нас следува реализација на проектот за водоснабдување на Брњарци со што ова населено место конечно ќе добие чиста вода за пиење, ќе започнеме со реализација на третата последна фаза за изградба на фекална канализација во Црешево, очекуваме за многу скоро од денес да започне изградбата на патната инфраструктура во Хиподром 2 и многу други проекти.
Извор: Општина Гази Баба