spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕ: Преку соработка со Коморите креираме мерки за подобрување на бизнис климата...

МЕ: Преку соработка со Коморите креираме мерки за подобрување на бизнис климата и животниот стандард за граѓаните

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствари работен состанок со раководството на Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ).
На состанокот се разговараше на повеќе теми меѓу кои мерките кои ги презема Владата за поддршка на бизнис секторот, продлабочување на соработката во делот на креирање на политики за подобрување на бизнис климата во земјата и животниот стандард на граѓаните.

„Со раководството на  СКСЗМ разговаравме на повеќе теми кои се од важност за поддршка и развој на бизнисот. Разговаравме за новите измените на Законот за индустриски зони кои што се подготвуваат во делот на индустриските зони кои се во надлежност на општините. Една од темите за кои разговаравме беше вклучување и на други сектори кои ќе бидат опфатени со Законот за финансиска поддршка на инвестициите, како и за новиот механизам кој го подготвуваме во делот на скрининг на странските и домашните инвеститори во делот на безбедноста. Откако стапи на сила новиот Закон за заштита на потрошувачите, со раководството на Комората разговаравме и за воспоставување на новите антимонополски регулативи и механизми за заштита и на потрошувачите и на компаниите на кои во моментот работи Министерството за економија“ кажа министерот Бектеши.

Во однос на измената на Законот за индустриски зони министерот потенцираше дека се работи на зголемување на надлежностите на Дирекцијата на технолошко развојни индустриски зони во зоните основани од општините.

„Ќе може да интервенира во подобрување и инвестиции во инфраструктурата кај инвестициите кои се во надлежност на општините. По барање на општините каде што има простор за развој и интерес за инвестирање, и неможност од општините Дирекцијата за зони со поддршка на Владата ќе може да инвестира во изградба на патна инфраструктура, канализација, гасно поврзување и слично“, кажа Бектеши.

Министерот за економија Бектеши информираше дека во делот на заштита на потрошувачите започнат е процес за зајакнување на надлежностите на Комисијата за заштита од конкуренцијата, а во наредниот период заедно со Државен пазарен инспекторат ќе се работи на терен во делот на на зајакнување на контролите  заштита на потрошувачите од зголемување на цените.

„Обврска на институциите што треба да направат инспекциски надзор е да контролираат и да прават редовни инспекциски надзори согласно програмите на неделно, месечно, годишно ниво. Не може да оставаме таквите институции да не бидат експедитивни и со месеци по најава на одреден потрошувач да преземат соодветна мерка. Поминавме неколку кризи, а јас уште не сум слушнал да има претставка од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата. Ние не можеме да се мешаме во работата на таа Комисија директно, зашто се избира од Собранието на Северна Македонија. Затоа почнавме измени во Законот со кој се определува работата на оваа Комисија. И ова не може само во време на криза“, кажа Бектеши.

На состанокот од СКСЗМ присуствуваа Менди Ќура, претседател ан СКСЗМ, Дурим Зекири, ивршен директор, и потпретседателите на Комората, Нухи Алиу, Јетон Асани, Шпресим Таири, Ќаније Селими како и Џемаил Даути, почесен претседател на СКСЗМ.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...