spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Бесплатна правна помош за жителите на Новаци

МП: Бесплатна правна помош за жителите на Новаци

Министерството за правда отвори канцеларија  во Новаци каде граѓаните ќе имаат можност да се информираат и да добиваат услуги за примарна и секундарна правна помош.

Со градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски потпишавме меморандум за соработка меѓу Министерството за правда и општината. Изразуваме голема благодарност на градоначалникот Стевановски што излезе во пресрет на Министерството и  отстапи канцеларија во која ќе се дава бесплатна правна помош за ранливите категории.
Право на примарна правна помош има секој граѓанин, преку бесплатни правни совети и информации.
Секундарната правна помош се добива под одредени услови кои се однесуваат на финансиската и имотната состојба на граѓанинот.
Најмногу барања за бесплатна правна помош има од областа на семејното право како што се бракоразводни парници, старателство врз деца, оставински постапки, имотни, работни  спорови, должничко -доверителски односи за прашања од пензиско и инвалидско осигурување, за застапување на жртви од семејно насилство и други.
Оваа активност  е дел од серијата активности за подигање на свеста, поддржани од Европската Унија и Советот на Европа во соработка со Министерството за правда.

Прочитајте