spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Тренчевска - Со заеднички предлози до системски решенија за подобар живот...

МТСП: Тренчевска – Со заеднички предлози до системски решенија за подобар живот на сите пензионери

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна со Претседателот на партијата на пензионери, Илија Николовски и претставници од партијата. На средбата се разговараше за актуелните барања на пензионерите за покачување на пензиите како и потенцијалните решенија кои можат да донесат подобар квалитет на живот на ранливите категории на пензионери.

 

На средбата од страна на присутните беше потенцирано дека линеарното покачување барање кое ќе ја загрози стабилноста на пензискиот фонд и редовното примање на пензии за 330 000 пензионери во државата.

Тренчевска посочи дека во периодот кој што следи ќе се креираат социјални мерки кои директно ќе влијаат на квалитетот на живот на пензионерите со најниски примања и исто така таа посочи дека  посветено ќе се работи и на Законот за минимална пензија.

Претседателот Николовски на министерката и приложи предлози креирани од Партијата на пензионери кои можат да го подобрат квалитетот на живот на пензионерите, додека од страна на министерката беше истакнато дека истите ќе бидат разгледани и внесени во материјалите за работа при носењето на решенија за пензиите.

Министерката на крајот од средбата покани претставник од Партијата на пензионерите на првата средба на работната група која ќе работи на Законот за минимална пензија и социјалните мерки, а ќе се одржи на 6-ти септември.

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...