spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Пуштено во употреба игралиштето за мал фудбал во Кадино

Илинден: Пуштено во употреба игралиштето за мал фудбал во Кадино

Со одигран спортски натпревар пуштено во употреба фудбалското игралиште за мал фудбал во Кадино, каде Општина Илинден изврши комплетна реконструкција.

На фудбалското игралиште целосно е поставена нова вештачка трева, поставено е ново лед осветлување, променета е заштитната ограда, поставени нови голови, клупи, корпи за отпадоци, партерно уреден простор, такашто ова фудбалско игралиште  доби комплетно нов лик.

Со реконструкцијата на ова фудбалско игралиште жителите од Кадино добија комплетно убаво уреден простор каде младите ќе можат да го поминуваат слободното време во спорт и рекреација.

Покрај игралиштето во Кадино во наредниот период Општината ќе продолжи со изградба на нови и реконструкција на постоечките спортски терени и во останатите населени места, со цел да се добие уреден простор, но и безбеден за рекреација и забава на жителите во Општина Илинден.

 

 

 

 

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Ново Маало доби реконструирана улица „Блаже Тодоровски” и...

0
Градежните активности за реконструкција на улицата „Блаже Тодоровски“ во Ново Маало влегуваат во завршна фаза. Денеска започна асфалтирањето на коловозот во должина од 135 метри...