spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниСтрумица: Амбасадорката на Кралството Шведска во Р.С. Македонија во посета на општината

Струмица: Амбасадорката на Кралството Шведска во Р.С. Македонија во посета на општината

Градоначалникот Костадин Костадинов, во неговиот кабинет, оствари средба со амбасадорката на Кралството Шведска во Р.С. Македонија, Н.Е. Ами Ларсон Јаин и вицеамбасадорката Биби Грамсон.

На средбата градоначалникот ги запозна високите гостинки со спецификите на општина Струмица, апострофирајќи ги природните, културно-историските и туристичките белези, како и со стопанските потенцијали со кои располага нашата општина. На средбата стана збор и за приоритетните ангажмани кои ги презема Општина Струмица во рамките на своите надлежности, кои се во функција на развојот на општината и подобрување на животот на граѓаните.

Градоначалникот, амбасадорката и вице-амбасадорката разговараа и на актуелни теми, како и за можноста за унапредување на понатамошната соработка помеѓу Амбасадата на Шведска и Општина Струмица.  

 

Извор: Општина Струмица

Прочитајте

Мицкоски: За многу скоро од денес од оваа говорница ќе слушате...

0
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност ќе слушне што се...