Почитувани
Одделението за администрирање на приходи при Локалната Самоуправа Прилеп ги известува сите правни и физички лица кои имаат обврска за плаќање по основ на данок на имот и комунална такса одговорно да пристапат кон наплата на своите обврски.
Исто така ги повикуваме сите граѓани кои што поседуваат имот а немаат поднесено даночна пријава во одделениоето за администрирање на приход да го направат истото во најбрз можен рок.
Со тоа би се избегнале секакви дополнителни трошоци кои би произлегле од неспроведувањето на законската обврска за сите граѓани и правни лица.
Локална самоуправа – Прилеп
Одееление за администрирање на приходи.
Извор: Општина Прилеп