spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаКовачевски- Рот: Цврста поддршка од Бундестагот за евроинтегративниот процес, уставните измени ќе...

Ковачевски- Рот: Цврста поддршка од Бундестагот за евроинтегративниот процес, уставните измени ќе ја обезбедат европската иднина на Северна Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска оствари средба со претседавачот на Комитетот за надворешна политика на Бундестагот, Михаел Рот.

На состанокот се разговараше на повеќе актуелни теми, меѓу кои и претстојниот процес на усвојување на уставните измени.

Претседавачот на Комитетот за надворешна политика на Бундестагот, Рот ја потврди цврстата поддршка на Германија за Северна Македонија на патот на евроинтеграциите и оцени дека сега е време државата да продолжи одлучно напред се до исполнување на стратешката цел-членство во Европската Унија.

Северна Македонија треба да ја препознае важноста на историскиот момент пред којшто се наоѓа и затоа од пресудно значење е да се направи исчекор во евроинтеграцискиот процес кој за граѓаните ќе обезбеди сигурна европска иднина.

Претседавачот на Комитетот за надворешна политика на Бундестагот, Рот потенцираше дека Германија гледа на Северна Македонија како неизоставен дел од Европската Унија, земја чии аспирации и напредок заслужено треба да бидат наградени со членство во големото европско семејство.

На состанокот, премиерот Ковачевски изрази огромна благодарност за долгогодишната континуирана поддршка од Германија, поздравувајќи го носењето на Резолуцијата која ја донесе германскиот Бундестаг за Северна Македонија.

Премиерот Ковачевски подвлече дека длабоко ја цениме Резолуцијата на германскиот Бундестаг со којашто се потврдува недвосмислената поддршка на Северна Македонија за приклучување кон ЕУ со сопствен македонски идентитет, јазик, култура и историја како дел од европскиот мозаик.

На средбата, беа препознаени и поздравени напорите на Владата на Република Северна Македонија во имплементација на реформските процеси во насока на подобрување на состојбите во сите сфери на општественото живеење.

На средбата беше потенцирано дека треба да постои свесност кај сите парламентарни политички партии за обединување околу исполнувањето на заедничката стратешка цел- членството на Северна Македонија во Европската Унија бидејќи тоа ќе донесе безбедна и проспертитетна иднина за сите граѓани.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...