HomeОпштиниБитола: Асфалтирање на улицата Драгорска

Битола: Асфалтирање на улицата Драгорска

spot_img
spot_img

Согласно склучените договори и планираните рокови за изведба, денес започна асфалтирањето на улицата „Драгорска“ во Битола. Реконструкцијата на оваа улица, која беше во многу лоша состојба, се реализира после долгогодишните барања на жителите кои ги чувствуваа последиците како од лошата подземна инфраструктура, така и од доста оштетениот коловоз.

Увид во работните активности изврши, секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, заедно со претставниците од општинската администрација кои беа задолжени за координација на проектните фази, во кои беше опфатена реконструкција на мешовитата канализациона мрежа, во должина од 522 метри, реконструкција на водоводната мрежа и коловозот.

За комплетна реализација на овој проект, од страна на Општина Битола, беа инвестирани финансиски средства во висина од 16.140.254 денари.

 

 

 

Извор: Општина Битола 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија