Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во второто тримесечје од 2023 година е 1.1 %.
Во второто тримесечје од 2023 година, поголем пораст е забележан во секторите Е, Ж и З – Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 7.6 % и Финансиски дејности и дејности на осигурување од 5.0 %.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2023 година, номинално расте за 9.9 %, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 73.9 %.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 2.6 %, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 3.0 %.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел: +389 2 3295 666
е-пошта: press@stat.gov.mk
Извор: Државен завод за статистика