spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Учество на министерот Николовски на панел дискусијата за европска интеграција и...

МЗШВ: Учество на министерот Николовски на панел дискусијата за европска интеграција и економски просперитет „Европа – Да, Европа – Сега“

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска учествуваше на Третата годишна меѓународна конференција на Министерството за финансии, на тема европска интеграција и економски просперитет „Европа – Да, Европа – Сега“.

Министерот Николовски беше говорник на третиот панел „Геополитика, креирање политики и финансии“.

Во своето обраќање министерот Николовски даде свое видување во врска со динамиката на моќта и регионалните иницијативи кои ги обликуваат политиките и регулативите што ги спроведуваат владите. Во овој контекст, дипломатијата е од суштинско значење за одржување на единството и промовирање на заеднички цели и вредности, преку решавање на политички, економски и правни прашања за да се обезбеди непречена интеграција на новите земји-членки на ЕУ, олеснување на координацијата на политиките меѓу земјите-членки и земјите кандидати и зачувување на мирот во Европската континент.

При тоа, министерот Николовски го потенцираше значењето на поддршката која Северна Македонија ја добива од Европската Унија во процесот на преговорите за членство во унијата.

„Со   подршка   на   сите   земји   членки   на   Европската   Унија   го модернизираме и развиваме македонското земјоделство. За да имаме повеќе и поквалитетна домашна храна и  земјоделци чија мака   и   труд   се   вреднува.   Дополнително   со поддршка  на  Унијата градиме нови водоснабдителни системи и ги заштитуваме и развиваме македонските шуми. А секако како еден од најголемите успеси за државава е искориестеноста на средствата од ИПАРД програмата, нешто кое нас не направи земја лидер во регионот по   неколку основи, имаме најголема искористеност од 98% на средства од ИПАРД 2 програмата, со склучени 2369 договори, нула евра поврат на средства ипрви во регионот ние започнуваме со ИПАРД 3 програмата“ истакна министерот Николовски. .

ИПАРД 3 е Програма   која   нуди   нови   можности   за   развој   на   македонското земјоделство. Нашиот успех го препозна и Евопската Унија која за 62% го зголеми буџетот за нашата држава во новата ИПАРД 3 програма. Со новата   ИПАРД   3   програма   на   располагање   имаме   97   милиони   евраевропски   средства   за   инвестиции   и   модернизација   на   македонското земјоделство. Веќе е распишан и првиот јавен повик од новата ИПАРД програма кој се однесува на поддршка за мерките 1 и 7. Дополнително со поддшка на Европската Унија преку ИПА програмите градиме   нови   мали   системи   за   наводнување   на   земјоделските површини.   Успешно   го   спроведуваме   и   процесот   на   консолидација   и окрупнување   на   земјоделското   земјиште,   преку   кој   земјоделците добиваат   поголеми   површини,   со   изградена   инфраструктура   и наводнување до земјоделските површини. Исто така со поддршка на ЕУ шумарството го доближуваме до европските стандарди, преку темелни реформи   за   здрави,   одржани   и   богати   македонски   шуми   кои   ги оставаме на идните генерации. Интеграцискиот пат и напредокот по тој пат на Северна Македонија е посебно важен за македонското земјоделство. Во таа насока значајна е поддршката   од   Унијата   и   нејзината   цврста   и   јасна   решеност   за проширување на Унијата и наше полноправно членство во Унијата.

Програмите на министерството и мерките за подршка заедно со финансиската подршката на Европската Унија, веќе даваат видливи резултати за зголемено домашно производство и зголемен извоз  на нашите производи.

Па   така,  како   држава   сме   позиционирани   на   високото   13   место   во светот по девизен прилив од извозот на вино. При тоа од година во година   се   повеќе   бележиме   зголемување   на   извозот   на   флаширано вино.   Македонското   вино   го   позиционираме   високо   на   винските   мапи,   а винскиот   сектор   е   од   стратешко   значење   за   економијата   на   нашата земја. Само во првите шест месеци од оваа година нашите винарии извезле македонско вино од 29,4 милиони евра на 37 странски пазари, што е за 8,8% повеќе споредено со истиот период од минатата година.

„Она што како министерство и Влада треба во иднина уште повеќе да го правиме заедно со дипломатските преставници на земјите од Европската Унија е отворање   на нови можности и нови пазари за пласман на македонските земјоделски производи и пијалоци. Сметам дека сме во одлична координација со политиките меѓу земјите-членки и земјите кандидати, сите сме насочени кон оставрување на целите на заедничката аграрна политика и зелената агенда. Нашите закони се усогласени со законите на Европската Унија што е особено значајно за зголемување на конкуретноста на земјоделското производство. А нашето членство во Европската Унија за македонското земјоделство ќе значи отворени врати, отворен пазар на кој нашите производи ќе се натпреваруваат со останатите, сигурен сум дека ќе имаме големи успеси“ подвлече министерот Николовски.

Обраќањето на министерот заврши со заклучокот дека земјоделците треба да бидат најгласни во процесот на евроинтеграции бидејќи членството во ЕУ отвора зголемени можности за македонското земјоделство.

 

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте