spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГостивар: Прифатилиште за жртвите на семејно насилство

Гостивар: Прифатилиште за жртвите на семејно насилство

Советот на општина Гостивар едногласно ја изгласа одлуката за почеток со работа на Прифатилиштето за жртвите на семејно насилство.

Со ова прифатилиште ќе раководи невладината организација „Етика“, која беше избрана од Општинската комисија по јавен оглас, додека општина Гостивар за оваа намена издвои 1 милион 200 илјади денари.

Поради заштита на жртвите на семејно насилство, локацијата на овој центар останува тајна, додека ова прифатилиште е на над 100 метри квадратни и таму ќе може да се сместат до 8 жртви на семејно насилство.

Како општество треба да се обединиме и да го спречиме насилството и да им помогнеме на жртвите на семејно насилство, додека семејното насилство е неприфатливо и како такво мора да се бориме против насилствто.

 

 

 

Извор: Општина Гостивар 

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...