HomeОпштиниГостивар: Продолжува акцијата за чистење на дивите депонии

Гостивар: Продолжува акцијата за чистење на дивите депонии

spot_img
spot_img

Општина Гостивар ја започна акцијата за отстранување на дивите депонии во регионот на општината, почнувајќи од дивата депонија кај поранешна фабрика „Силика“, дивите депонии кај гробиштата на патот за село Дебреш, како како и депониите кај гробиштата на патот Балиндол – Мало Турчане.

Акцијата за отстранување на овие диви депонии ќе продолжи и во наредните денови.

Се молат граѓаните и правните лица да го фрлаат својот отпад на одредените места и да не создаваат диви депонии, во спротивно ќе следуваат казни.

Јавните простори се местата каде што живееме и споделуваме важни моменти со нашите семејства и пријатели, затоа наша морална и граѓанска должност е да се погрижиме овие простори да бидат чисти.

Извор: Општина Гостивар 
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија