spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБутел: Поддршка за спортот како никогаш досега

Бутел: Поддршка за спортот како никогаш досега

Градоначалникот Дарко Костовски додели финансиска помош на спортските клубови од општина Бутел, во износ од 3.500.000 денари.

Финансиската помош на спортските клубови од 3.500.000 денари е доделена со маскимално транспарентна процедура, со објавен јавен повик врз основа на Правилник за доделување на финансиска помош.

Градоначалникот Дарко Костовски изрази искрена надеж дека оваа финансиска помош ќе помогне на клубовите и ќе поттикне нови државни, балкански, европски и олимписки шампиони.

Спортот е клучен фактор за развивање на поквалитетно и поздраво општество, додека врвните спортски резултати како ништо друго помагаат во градење на нацијата и државата.

Општина Бутел е најспортска општина во Македонија, согласно постигнатите спортски успеси. Наскоро, општината ќе има и најдобра спортска инфраструктура.

Локалната самоуправа и градоначалникот Дарко Костовски ќе бидат цврст партнер на сите спортисти и спортски клубови од општина Бутел.

Градоначалникот Дарко Костовски упати искрени честитки кон сите спортски клубови и им посака успешна работа.

 

 

 

 

Извор: Општина Бутел

Прочитајте

Гевгелија: Спортско-културен настан „Остани без здив“ во чест на Ѓургица Ќаева

0
Со спортско-културен настан, во Гевгелија, се одбележа 5 Мај- Светскиот ден на Пулмоналната хипертензија, во организација на Асоцијацијата на Пулмонална хипертензија „Момент плус“- Гевгелија....