HomeОпштиниБутел: Поддршка за спортот како никогаш досега

Бутел: Поддршка за спортот како никогаш досега

spot_img
spot_img

Градоначалникот Дарко Костовски додели финансиска помош на спортските клубови од општина Бутел, во износ од 3.500.000 денари.

Финансиската помош на спортските клубови од 3.500.000 денари е доделена со маскимално транспарентна процедура, со објавен јавен повик врз основа на Правилник за доделување на финансиска помош.

Градоначалникот Дарко Костовски изрази искрена надеж дека оваа финансиска помош ќе помогне на клубовите и ќе поттикне нови државни, балкански, европски и олимписки шампиони.

Спортот е клучен фактор за развивање на поквалитетно и поздраво општество, додека врвните спортски резултати како ништо друго помагаат во градење на нацијата и државата.

Општина Бутел е најспортска општина во Македонија, согласно постигнатите спортски успеси. Наскоро, општината ќе има и најдобра спортска инфраструктура.

Локалната самоуправа и градоначалникот Дарко Костовски ќе бидат цврст партнер на сите спортисти и спортски клубови од општина Бутел.

Градоначалникот Дарко Костовски упати искрени честитки кон сите спортски клубови и им посака успешна работа.

 

 

 

 

Извор: Општина Бутел

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија