spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Потпишан Меморандум за соработка со ОБСЕ

МИОА: Потпишан Меморандум за соработка со ОБСЕ

Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу во Скопје, заедно со амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, потпишаа Меморандум за соработка, за спроведување на заеднички активности во периодот 2023-2025.

 

Ова претставува важен чекор во помошта за зајакнување на односите и соработката меѓу Северна Македонија и ОБСЕ.

 

„МИОА е посветено на спроведувањето на стратешката политика и процесите за реформа на јавната администрација, соочувајќи се со предизвиците кон воспоставувањето ефективни и ефикасни услуги за граѓаните. Овој Меморандум за соработка обезбедува рамка за соработка со ОБСЕ, за спроведување на заеднички активности во насока на исполнување на целите. Заедно ќе придонесеме за намалување на корупцијата и враќање на довербата на граѓаните во институциите преку зајакнување на интегритетот и подобрување на домашното законодавство“, заклучи министерот Алиу.

 

Амбасадорот Килијан Вал од своја страна истакна дека овој Меморандум за соработка има за цел создавање на посилни институции кои работат во согласност со принципите на демократското владеење и да ги поддржи реформските приоритети на Владата во согласност со заложбите на ОБСЕ.

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...