Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити ја посети Универзитетска Kлиника за торакална и васкуларна хирургија во Скопје.
Министерството за здравство за потребите на пациентите и клиниката набави хируршки столб Торакоскоп, со што се овозможи систем од најновата генерација од американскиот производител Arthrex, да се користи на оваа Клиника.
Министерот за здравство д-р Меџити заедно со неговиот кабинет интензивно работат на подобрување на условите во јавно здравствените установи, со цел поквалитетна здравствена услуга за пациентите и подобри услови за работа на здравствените работници.
Извор: Министерство за здравство