Единствениот балкански претставник, севкупен победник на шампионатот во картинг е 12 годишниот Стефан Стефановски. Се натпреварува во Национални картинг серии во Бугарија и оваа година стана шампион во Ротакс Мини Макс класата. Со оваа титула доби Тикет за учество на Светско првенство во Бахреин на кое ќе учествуваат 400 шампиони од цел свет.
Тој денеска беше на прием во Агенцијата за млади и спорт каде зборуваше за импресиите од шампионатот и очекувањата од Бахреин, каде од 02-04 декември ќе се вози на многу побрза и поширока стаза во конкуренција на 80-100 најдобри картинг-тркачи во класа 9-14 години.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски потенцира дека АМС секогаш ги поддржува младите македонски спортски таленти и му посака на Стефан успешно и достоинствено претставување.
Извор: Агенција за млади и спорт