spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Дечиња од градинката „Распеана младост“ во посета на општината

Карпош: Дечиња од градинката „Распеана младост“ во посета на општината

Како дел од воспитниот процес на предучилишната установа „Распеана младост“ која се наоѓа во населбата Карпош 1, денеска најмладите карпошани беа добредојдени гости кај градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. Повод за денешната посета на малите карпошани  беше изучување на различни професии кои се застапени во нашето општество, но исто така дечињата сакаа да се запознаат со првиот човек на локалната самоуправа и од него да дознаат подетално, како функционираат општинските служби.

Во оваа пригода, љубопитните дечиња му поставуваа прашања на градоначалникот, а тој им објасни како изгледа еден негов работен ден, каква одговорност има тој во поглед на управување со локалната заедница, колку сектори брои општината и какви надлежности имаат тие. Кон крајот на средбата, дечињата му посакаа на Јакимовски успешна работна недела и му го честитаа претстојниот роденден на Општината (3. ноември).

 

 

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...