spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Словенија ја презентираше програмата за работата на Советот на ЕУ...

Ѓорче Петров: Словенија ја презентираше програмата за работата на Советот на ЕУ за следните шест месеци

Словенија од 1 јули го презеде претседавањето со ЕУ. Владата во Љубљана во следните шест месеци ќе има пресудно влијание врз главните теми и распоредот во одлучувањето на земјите-членки на ЕУ.

Како член на Националниот совет за евроинтеграции и претставник од ЗЕЛС, денеска во Законодавниот Дом градоначалникот Александар Наумоски присуствуваше на втората седница,  на која Н.Е. Милан Предан, Амбасадор на Република Словенија, ги презентираше програмата и приоритетите за работата на словенечкото претседателство со Советот на Европската унија.

Словенија во следните шест месеци под мотото „Заедно. Отпорна. Европа“ ќе работи во насока на обезбедување на постојаност и развој на ЕУ,  со посебен акцент на процесот на проширување со земјите од Западен Балкан.

Словенија планира претседавањето со ЕУ да го фокусира на Западниот Балкан со земјите-кандидати Албанија, Северна Македонија, Црна Гора и Србија. Се планира самит на шефовите на држави и влади во Словенија во октомври.

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...