spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЛС: Министерот Пенов во работна посета на Стокхолм

МЛС: Министерот Пенов во работна посета на Стокхолм

На покана на шведската Асоцијација на локални власти и региони, министерот за локална самоуправа Ристо Пенов во Стокхолм оствари средби на кои се разговараше за досегашната и за продолжување на соработката во повеќе области.
Преку шведската развојна агенција СИДА, Шведска ја поддржува локалната самоуправа во Северна Македонија од почетоците на процесот на децентрализација. Актуелна е соработката за зајакнување на капацитетите на општините за подготовка на техничка документација за поголеми инфраструктурни проекти, како и преку проектот за управување со цврстиот отпад, поддржан од шведската асоцијација на локални власти и региони, Салар Интернешнал.
На средбата со претставниците на шведската асоцијација на локални власти и региони и со политичките претставници на регионот Стокхолм, беа разменети искуства во функционирањето на локалната самоуправа и беше изразен интерес за продолжување на соработката, особено во имплементацијата на повисоки стандарди во испораката на локалните услуги во комуналната сфера, дигитализација на услугите, енергетската ефикасност и заштитата на животната средина.
Продолжувањето на добрата и долгогодишна соработка со Шведска во областа на локалната самоуправа е значајно и корисно, особено во процесот на интегрирање во ЕУ и во напорите за обезбедување на повисок стандард на услуги и подобар квалитет на живеење во локалните заедници.

Прочитајте

Карпош: Градоначалникот Јакимовски на одбележувањето на денот на Тиват

0
Четиричлена делегација од Карпош предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски, членот на Општинскиот Совет, Александар Илиески и директорките на основните училишта „Димо Хаџи Димов“ и...