Продолжува реализација на проектот „Илинден-Светла Општина”, кој опфаќа проширување и модернизација на уличното осветлување.
Во изминатиот период поставена е нова линија за улично осветлување во делот кај мостот на локалниот пат Кадино-Миладиновци во должина од 500 метри. Поставени се метални столбови со лед светилки, соодветни сообраќајни знаци, метална заштитна ограда од двете страни на мостот, поставена е флуросцентна патна сигнализација долж целиот потег, како и флуросцентна лента по должината на мостот.
Општина Илинден со ова ја зголемува безбедноста во сообраќајот, на критичните точки кои претставуваа опасност за учесниците во сообраќајот. Овој дел од Општината во минатото претставуваше опасна точка за возачите, пришто токму таму се имаат случено многу сообраќајни незгоди. Затоа Општина Илинден упатува апел до сите учесници во сообраќајот на поголемо вниманите, почитување на сообраќајната сигнализација како и ограничувањето на брзината на возење. Општина Илинден и ЈКП „Илинден” и во наредниот период ќе продолжат со поставувањето на нови линии во сите населени места, со цел посветла Општина Илинден и поголема безбедност.
Извор: Општина Илинден