spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Студентската мобилност и квалитетот на образованието се тесно поврзани

МОН: Студентската мобилност и квалитетот на образованието се тесно поврзани

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири се обрати на 16. Саем на студии во Франција наменет за младите кои сакаат да стекнат универзитетско образование во Француската Република. Нагласувајќи ја традиционално добрата соработката меѓу Северна Македонија и Франција, што се потврдува и во сферата на образованието, министерот Шаќири рече дека големата слика за студентската мобилност укажува на раст на бројот на меѓународни студенти на глобално ниво, воден од зголемената побарувачка за високообразовани кадри, што е тренд и кај нас.

 

„Голем број идни студенти се во потрага по квалификации стекнати на странски универзитети. Изборот каде, зависи од квалитетот на образованието што се нуди и интересот за студиските програми. Гостите на Саемот сигурно ќе чујат дека неколку француски универзитети се високо рангирани на Шангајската листа на универзитети, што говори за високиот образовен квалитет“, посочи Шаќири.

 

Министерството за образование и наука го поддржува студирањето на реномирани странски високо образовни установи, за кои доделува и стипендии. Студирањето на престижни странски универзитети овозможува трансфер на технологии, иновации и најдобри практики, гради мултикултурна свест, ги урива предрасудите, создава посилни релации меѓу државите и граѓаните.

Француската амбасада, Францускиот институт во Скопје и Француската државна агенција за високо образование Кампус Франс од Париз се организатори на Саемот, на кој се присутни претставници од француски државни универзитети, бизнис школи, специјализирана Школа за инженери и Универзитет за политички науки. Учествуваат и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Еразмус+, Филолошкиот факултет од Скопје преку Катедрата за романски јазици и книжевности/Програма за француски јазик и книжевност, Францускиот институт во Скопје и одделот на Кампус Франс во рамките на Институтот, како и сегашни и поранешни студенти во Франција.

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...