spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Герасимовски - Учениците од ООУ „Ј.Х. Песталоци“ добија ново кошаркарско и...

Центар: Герасимовски – Учениците од ООУ „Ј.Х. Песталоци“ добија ново кошаркарско и фудбалско игралиште

Целосно е завршена реконструкцијата на спортското игралиште во дворот на училиштето ,,Јохан Хајнрих Песталоци”,  со што учениците добија современ и модерен мини терен за спорт и  физички активности.  Со донација на Видеолотарија Касинос Австрија, учениците добиваат спортско и кошаркарско игралиште за нова спортска игра. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, го отвори игралиштето и се заблагодари за донацијата која го унапредува здравиот физички раст и развој.

„Драго ми е што токму во училиштето, каде што и јас завршив основно образование, добивме вакво мултифункционално спортско игралиште. Очекувам многу натпревари со спортски дух на овој прекрасен терен. Во времето на компјутерите, на децата им се потребни токму вакви игралишта за да се посветат на физичките активности. Воедно упатувам благодарност за донацијата, но и апел до младите да се однесуваат одговорно и да ги чуваат училишните игралишта, бидејќи тие ќе им требаат и на следните генерации“, истакна Герасимовски.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски  истакна дека Општината е секогаш отворена да соработува со општествено-одговорни компании, со цел да се придонесе за побогат спортски и рекреативен живот на Центарци.

 

Извор: Општина Центар

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година,...