spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниСопиште: Истражно-експлоатационата дупнатина

Сопиште: Истражно-експлоатационата дупнатина

Истражно-експлоатационата дупнатина изведена до длабина од 150 м’. Истата е изведена со ударно ротоационен тип на дупчење без користење на вода, бентонит и други адитиви.

При дупчењето на истражно-експлоатационата дупнатина увидено е дека просторот располага со прилично добри количини на подземни води, па во истата е вградена експлоатациона конструкција (полни и перфорирани цевки) вкупно 37 м’, во горната зона која е со поголема водоносност од останатите литолошки формации во длабина.

Статичкото ниво на подземните води во истражно-експлоатационата дупнатина е на 4,70 м под површината на теренот, а издашноста на истата е одредена со тестирање, кое е извршено со длабинска потопна пумпа тип 4SD 15/12 E.

Со максимален капацитет на црпење на длабинската потопна пумпа од 4,61 л/с нивото на водата во истражно-експлоатационата дупнатиина се снижи само за 0,5 м, податок кој укажува на фактот дека истражно-експлоатационата дупнатина е со издашност поголема од 5,0 л/с, количина на вода која во целост би ги задоволила потребите со водоснабдување на населението во с. Света Петка.

Вакви активности се предвидени за: Долно Соње вм Крива круша, Горно Соње вм Брце, Чифлик и Нова Брезница

 

 

Извор: Општина Сопиште

Прочитајте

МЗШВ: Трипуновски – МЗШВ не постапило согласно законските одредби, со што...

0
Почитувани медиуми, Од денес повеќе нема ништо да биде исто. Започнуваме со објавување на сите сомнителни случаи и афери од претходното раководство на Министерството за...