HomeМинистерстваМЛС: Го подобруваме животот на граѓаните, до крајот на годината ќе биде...

МЛС: Го подобруваме животот на граѓаните, до крајот на годината ќе биде готов колекторот за отпадни води во Орман

spot_img
spot_img

Со поддршка од ЕУ и од Министерството за локална самоуправа општина Ѓорче Петров решава важно прашање за граѓаните изградба на колектор за отпадни води што ќе се заштити животната средина и ќе се подобри квалитетот на живеење на жителите на село Орман, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов кој денеска направи увид во завршните градежни работи.

„Овој проект се реализира во рамки на Програмата за прекугранична соработка Северна Македонија – Косово со  вкупен износ од 329 илјади евра. Дел од сумата е обезбедена преку ИПА Програмата на ЕУ,  со учество на Министерството за локална самоуправа од 15% и на општина Ѓорче Петров од 11.8%“, додаде Пенов.

Министерот Пенов изрази задоволство од динамиката на реализација на проектот кој што е од голема важност за заштита на животната средина и кој што решава важно прашање за жителите на село Орман.

„Програмата за прекугранична соработка на Европската Унија е одлична можност за општините да реализираат важни проекти кои што се приоритетни за граѓаните. Министерството за локална самоуправа ги охрабрува општините да подготвуваат проекти и да аплицираат на јавните повици за прекугранична соработка, но притоа секогаш да ги имаат предвид реалните потреби на граѓаните“, додаде тој.

Изградбата на Колекторот е во завршна фаза и проектот ќе биде реализиран во предвидениот рок до крајот на годината.

„Имаме одговорност пред Европската Унија и пред сопствените граѓани средствата да ги користиме на транспарентен и отчетен начин и да реализираме проекти кои што прават позитивни промени преку подобрување на услугите и на квалитетот на живеење на граѓаните“, заклучи Пенов.

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија