ЦИВИЛ организира работилници во Гостивар на тема: „Учество во креирање политики, зајакнување на јавната свест и промовирање на европските вредности, мултикултурализмoт и недискриминацијата на локално ниво“.
Пред присутните објаснив дека Гостивар е пример што треба да и служи на државата кога станува збор за соживот помеѓу различните култури.
Ние го мотивиравме и мобилизиравме општеството за време на нашиот мандат да создадеме успешни модели за граѓанско учество во процесите на донесување одлуки на локално ниво во овие исклучително важни области.
Работилницата беше дел од проектот „Европски перспективи“ имплементиран од страна на ЦИВИЛ со поддршка на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
Извор: Општина Гостивар