spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Признанија за најдобрите просветни работници, паричните средства ќе бидат донирани за...

Аеродром: Признанија за најдобрите просветни работници, паричните средства ќе бидат донирани за Леонид Индов

Утрово во Општина Аеродром, се одржа свечен настан на кој градоначалникот Тимчо Муцунски ги врачи признанијата на најдобрите просветни работници од основните училишта во Аеродром за учебната 2022/23 година.

Признанијата се доделуваат врз основа на претходно утврдени критериуми, на наставниците од сите основни училишта, кои во својата работа покажале посветеност, иницијатива и успех во работата со најмладите.

Станува збор за важно достигнување кое се доделува на најдобрите наставници од секое основно училиште, а уште поважно е што сите средства од страна на наставниците ќе бидат во целост донирани за лекување на младиот Леонид Индов од Аеродром.

Градоначалникот Муцунски на својата фејсбук страна упати благодарност и се заблагадари за придонесот на наставниците од следните основни училишта:

– ООУ „Гоце Делчев“ – Јасмина Ѓорѓевска
– ООУ „Блаже Конески“ – Јоана Николиќ
– ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ – Љубинка Стојановска
– ООУ „Димитар Македонски“ – Оливија Жежова
– ООУ „Александар Македонски“ – Михајло Христов
– ООУ „Браќа Миладиновци“ – Жаклина Ристовска
– ООУ „Лазо Ангеловски“ – Костадинка Поповска
– ООУ „Љубен Лапе“ – Жанета Дивјаковска.

 

 

 

Извор: Општина Аеродром 

Прочитајте

Аеродром: Едукативна забава „Рециклирај, донирај, подобри“

0
Денеска во основното училиште „Александар Македонски“ под мотото „Рециклирај, донирај, подобри“ се одржа едукативна забава со цел да се мотивираат и анимираат учениците за активно учество и...