spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Средба со делегација од Меѓународниот монетарен фонд

ДКСК: Средба со делегација од Меѓународниот монетарен фонд

Државната комисија за спречување на корупцијата оствари средба со делегација од Меѓународениот монетарен фонд, која се наоѓа во службена посета на Република Северна Македонија, предводена од Томас Гаде, главен економист на мисијата.

Во рамките на средбата делeгацијата на Меѓународниот фонд покажа интерес и беше информирана за борбата со корупцијата во Република Северна Македонија, работата на Државната комисија за спречување на корупцијата нејзините тековни и планирани активности и предизвиците со кои се соочува во своето функционирање. Стана збор за соработката на ДКСК со другите државни институции надлежни на  полето на борбата со корупцијата со посебен осврт на соработката со Јавното обвинителство односно за постапување на обвинителствата по иницијативите на ДКСК.

Заеднички беше констатирано дека недоволната политичка волја, недостатокот на интегритет на носителите на високите политички функции како и непочитување на препораките и иницијативите на независните регулаторни тела се главни пречки за владеењето на правото и спречување на корупцијата во Република Северна Македонија.

Делегацијата на ММФ покажа интерес и за ставот на ДКСК во однос на последните измени и дополнување на Кривичниот законик.

Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска информираше дека ДКСК прва реагирала и го изнела својот став по однос на предлогот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Притоа, нагласено е дека Кривичниот законик како еден од столбовите на правниот систем, треба да го штити функционирањето на правната држава. Со донесувањето на измените и дополнувањата на овој закон во Собранието на Република Северна Македонија, по скратена постапка и употреба на европското знаменце, односно на начин со кој не беше дозволена широка јавна расправа, експертска дебата ниту анализа на последиците што ќе ги предизвика ова законско решение, сериозно се загрозува  правната сигурност во државата.

На крајот на средбата, обострано беше искажано задоволство од остварената средба и искажаната подготвеност за соработка.

 

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата

Прочитајте

МФ: Димитриеска-Кочоска на средба со новиот заменик-помошник секретар за ЗБ во...

0
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, во рамки на работната посета на САД во Вашингтон, оствари средба со Александар Касанов, нов заменик-помошник секретар за Западен...