spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Јавен повик за времено работно ангажирање на образовни асистенти

Град Скопје: Јавен повик за времено работно ангажирање на образовни асистенти

Град Скопје денеска /08.11.2023/ на веб- страницата и во дневни весници, објави Јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во градската Програма „Општинско – корисна работа“. Проектот се реализира врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ) и Договорот за соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Град Скопје.

Проект претставува поддршка на инклузијата во образовниот процес и унапредување на правата и можностите за ранливите категории на граѓани во Град Скопје, како и времено работно ангажирање на привремено невработените лица како образовни и лични асистенти.

Заинтресираните невработени лица можат да поднесат Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ во Агенција за вработување – Центар за вработување на град Скопје во периодот од 08.11.2023 година до 14.11.2023 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат на веб-страницата на Град Скопје, на следниот линк skopje.gov.mk/media/10236/нов-јпокр-оп-2023-1.pdf или кај Координатор за Програмата Општинско-корисна работа на Град Скопје Александра Михајловска тел: 078/414-743, во Агенција за вработување – Центар за вработување на град Скопје кај лицето Ивона Живковиќ Јованов, тел: 078/487-564, и во Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје, кај лицето Анка Арсова 070/235-153.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу Град Скопје и избраните кандидати.

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...