HomeСамостојни органиДКСК: Градење на капацитетите на тимот „Запознај се себе си, прифати ги...

ДКСК: Градење на капацитетите на тимот „Запознај се себе си, прифати ги другите

spot_img
spot_img

Државната комисија за спречување на корупцијата, од 01 до 03 ноември, 2023 година, во Крушево, со поддрша на УСАИД и ИФЕС, реализираше работилница за јакнење на капацитетите на тимот на која учествуваа претседателката и членовите на ДКСК како и вработените во Секретаријатот на ДКСК.

Целта на оваа работилница  беше  јакнење на капацитетите на тимот на ДКСК и на учесниците да им обезбеди можност за намерни и структурирани интеракции поврзани со Етичкиот кодекс на ДКСК преку серија на кратки теоретски инпути и интерактивни тимски и групни активности кои ќе ја зајакнат меѓусебната доверба и почит, единството, креативноста, мотивацијата, критичкото мислење и решавање на разни проблеми и предизвици. На овој начин вработените меѓусебно се поврзуваат, подобро комуницираат и пронаоѓаат дополнителни мотиви и причини за постигнување на подобри резултати.

 

Работилницата се состоеше од три тематски блокови: самодијагностичка сесија за идентификување на типовите на личноста на учесниците, серија групни активности за решавање проблеми фокусирани на аспекти кои се однесуваат на основните организациски вредности и интерактивна групна рефлективна сесија за зацврстување на искуствата на учесниците и посочување на клучните точки на учење.

 

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте