Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, 66 830 пазарноориентирани деловни субјекти,
активни во областа на индустријата, градежништвото, трговијата и останатите услужни дејности1), оствариле вкупен
промет од 2 056 948 милиони денари и додадена вредност од 388 623 милиони денари. За ангажираните 435 468
вработени лица, издвоени биле 196 552 милиони денари.
Најголем промет е реализиран од секторот Трговија на големо и на мало со 38.4 %, а по него следат секторот
Преработувачка индустрија со 25.4 %, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 12.9 %,
Градежништво со 5.6 % и секторот Транспорт и складирање со 5.1 %.
Секторот на преработувачката индустрија има најголемо учество во вкупната додадена вредност со 25.4 %, следен
од секторот Трговија на големо и на мало со 21.2 %. Значително учество имаат секторот Информации и комуникации,
кој создава 9.1 % и секторот Градежништво, кој создава 8.7 % од вкупната додадена вредност.
Во однос на големината на претпријатијата, доминираат микропретпријатијата со помалку од 10 вработени
(91.2 %), најголемиот дел од нив се од областа на трговијата. Со ангажирани 35.4 % од вкупно вработените, тие создале
22.9 % од вкупната додадена вредност. Големите претпријатија, со учество од само 0.2 % и со ангажирани 24.4 % од
вработените, создаваат 31.4 % од вкупната додадена вредност во рамките на деловниот сектор, и тоа, главно, во
секторот Преработувачка индустрија (12.0 %). Сепак, најголем е потенцијалот на малите и на средните претпријатија
(со 10 до 249 вработени), кои ангажираа 40.2 % од вработените и создадоа 45.8 % од вкупната додадена вредност
во деловниот сектор.
Преземи го соопштението во целост Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот. За подетални информации јавете на: контакт тел: +389 2 3295 666 е-пошта: press@stat.gov.mk |
Извор: Државен завод за статистика