spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕ: Министерот Бектеши на претстојниот COP28 ќе ја презентира Инвестициската програма за...

МЕ: Министерот Бектеши на претстојниот COP28 ќе ја презентира Инвестициската програма за енергетска транзиција на Северна Македонија

Министерството за економија како координатор од Владата е во завршна фаза на изработка на Инвестициската платформа за енергетска транзиција (Just Energy Transition Investment Platform JETIP)

Инвестициската програма (план) ги обработува предлозите на Владата, ги идентификува потенцијалните области за инвестиции и техничка помош на Мултилатералните банки и го вклучува потенцијалот за мобилизирање на дополнително кофинансирање од билатерални, мултилатерални и приватни извори.

Министерот за економија Крешник Бектеши на претстојната 28-та меѓународна конференција на Обединети нации за климатски промени -COP28 која годинава ќе се одржи од 30 ноември до 12 декември 2023 година во Дубаи Обединети Арапски Емирати ќе ја презентира Инвестициската програма на Северна Македонија.

Во моментот Планот е во изработка и се очекува во средина на декември да се одржат јавните консултации за истиот. Податоците (од финансиски аспект и инвестициски проекти) се уште во работна верзија и согласно сегашните активности и временски рамки, планот се очекува да биде финализиран и усовоен до крајот на јануари 2024 година.

Инвестицискиот план претставува деловен план што го развива и поднесува Владата на Република Северна Македонија во соработка со мултилатералните банки кои се партнери на Климатскиот инвестициски фонд, во овој случај:  Европска банка за обнова и развој (ЕБОР – водство), Групацијата Светска Банка – СБ (Меѓународната банка за обнова и развој (МБОР) и Меѓународната Финансиска корпорација (ИФЦ)).

Инвестицискиот план е структурирана во три дела:

(1) Проекти во потенцијална пренамена на електраните кои работат на јаглен со дополнителни инвестиции во обновливи извори на енергија,

(2) Економска регенерација на Пелагониски и Југозападен регион и

(3) Енергетска ефикасност, чиста топлина и програма за децентрализирано производство.

Северна Македонија е лидер во регионот во инвестиции во извори на обновлива енергија и поддршка на зелена транзиција.

Како држава имаме поставено амбициозна цел до 2030 година целосно да го намалиме и исклучиме користењето на јаглен за производство на електрична енергија.

Во последните неколку години со засилено темпо ја реализираме енергетската транзиција на државата која е силен сигнал ка меѓународните кредитори да дадат поддршка за целосно претруктурирање на македонскиот енергетски систем кон зелена енергија.

 

 

 

Извор: Министерство за економија 

Прочитајте

УЈП: Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријавите, системот Е – Даноци...

0
Управата за јавни приходи ја известува јавноста дека поради зголемен прилив на поднесувања на ДДВ-04 пријавите, некои даночни обврзници имаат потешкотии при поднесувањето на...