spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Министерот Николовски изврши увид во завршните активности од изградбата на браната...

МЗШВ: Министерот Николовски изврши увид во завршните активности од изградбата на браната Конско во Гевгелија

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со проектантите, инжинери и работници, изврши увид во активностите за изградба на браната Конско во Гевгелија. 

„Денес беше посебен ден на браната Конско во Гевгелија. Да се тестира опремата, да се влезе во тунелот и пред да се затвори капакот и почне да се полни браната емотивно да се навратиме назад со сите чинители, проектанти, инжинери и работници на сите предизвици овие години и на тоа што го направивме“, истакна министерот Николовски.

Изградбата на браната Конско е значајна капитална инвестиција на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, која и покрај многуте предизвици и проблеми, со многу работа, посветеност и енергија успеа од почетокот до крај.

Капитален проект важен за развој на земјоделството и наводнувањето на земјоделското земјиште, за туризмот и економијата на целиот регион. Започна со реализација во 2018 година, со поставувањето на камен темелникот, и целосно реализиран денес во 2023 година.

Инвестиција вредна 40 милиони евра, што го прави овој проект најголем  капитален водостопански објект во последните 50 години финансиран од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Преку овој нов систем за наводнување и вештачко езеро, за 5 пати ги зголемуваме наводнуваните земјоделски површини. Ја обезбедуваме потребната вода за наводнување во текот на цела година за 6.500 хектари нето земјоделска површина во јужниот дел на државата, што е клучен предуслов за квалитетно производство.

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година,...