spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Комплетна реконструкција на „Патрик“ – местото каде растеа голем број генерации,...

Аеродром: Комплетна реконструкција на „Патрик“ – местото каде растеа голем број генерации, сега добива нов и модерен изглед

Активностите за подобрување и модернизирање на спортската инфраструктура продолжуваат и во текот на оваа есен. Општина Аеродром започна со реконструкција на познатото игралиште „Патрик“, лоцирано зад трговскиот центар „Три Бисери“. Станува збор за комплетна реконструкција на вкупна површина од 1600 квадратни метри која треба да заврши во текот на декември, а се наоѓа на локацијата каде пораснале голем број генерации и која значи многу за луѓето кои живеат во Аеродром.

По завршување на активностите, Аеродром ќе добие целосно ново повеќенаменско игралиште за фудбал и ракомет на површина од 800 квадратни метри, кошаркарско игралиште на површина од 400 квадратни метри и инклузивно детско катче на површина од 400 квадратни метри.

Градоначалникот Муцунски говорејќи за реконструкцијата на спортското игралиште, на својата Фејсбук страна потенцираше дека Аеродром е убава општина и граѓаните го препознаваат тоа.

„Преку континуираните инвестиции ја потврдуваме нашата решеност да создадеме подобри услови за спорт и рекреација, места за нови спортски успеси и таленти“, истакна тој во својата објава.

 

 

 

Извор: Општина Аеродром

Прочитајте

ДКСК: РАБОТИЛНИЦА ЗА ДИСКРЕЦИОНИ ОВЛАСТУВАЊА И НАЧИНИТЕ НА КОИ МОЖЕ ДА...

0
На 09.10.2024 година во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата беше организирана работилница на тема “Дискрециони овластувања и начините на кои може...