spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Презентирана e-Логес - првата платформа за дигитални општински услуги

Аеродром: Презентирана e-Логес – првата платформа за дигитални општински услуги

Првата платформа за дигитални општински услуги е-Логес деновиве беше презентирана пред заинтересирани граѓани и претставници на невладиниот сектор од Аеродром и Кисела Вода, на средба што се одржа во просториите на Општина Аеродром.
Е-Логес е платформа финансирана од УНДП, која во моментов ја користат 18 општини. Преку неа, во наредниот период граѓаните ќе можат онлајн да добијат 16 општински услуги, а на срдбата граѓаните и невладините организации предложија идеи за тоа кои услуги сметаат дека треба да се даваат во дигитална форма.
Со оваа платформа, граѓаните ќе можат електронски да ги генерираат своите барања, електронски да ги плаќаат предвидените административни такси, ќе можат да го следат статусот на предметот и да бидат информирани кога нивните барања ќе бидат завршени или пак да приложат дополнителни документи доколку нешто недостасува во постапките.

Прочитајте