Министерството за информатичко општество и администрација вчера ја одржа втората јавна расправа на која се дискутираше за Законот за безбедност на мрежни и информациски системи и дигитална трансформација.
Новата верзија во која се земени предвид забелешките и предлозите веќе е објавена на ЕНЕР.
Со овој закон се предвидува формирање на Агенција за безбедност на мрежни и информациски системи и дигитална трансформација, чија структура е во согласност со структурата на регулаторното тело ENISA во Европската Унија.
Агенцијата ќе биде надлежна за управување и координација на процесот на дигитална трансформација на јавниот сектор. Покрај оваа надлежност, согласно Директивата за NIS од ЕУ, Агенцијата ќе биде надлежен орган за безбедност на мрежните и информациските системи во земјава.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација