spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваХалкбанка со донација на 1 милион садници во наредните пет години, дава...

Халкбанка со донација на 1 милион садници во наредните пет години, дава поддршка во зголемување на шумскиот фонд

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски оствари средба со генералниот директор на Халкбанка АД Скопје, Билал Суџубаши.

Халкбанка има убава иницијатива која предвидува заедно со министерството и ЈП Национални шуми реализирање на голема петгодишна донација во садници за пошумување, која како вкупна бројка треба да достигне до 1 милион садници.

Министерот Николовски, на средбата, изрази благодарност до Халкбанка за иницијативата со која сакаат да допринесат во развој на македонските шуми.

„Се повеќе општествено одговорни компании и здруженија на граѓани се приклучуваат кон акциите за пошумување организирани од министерството. Дополнително изминативе години, повеќе општествено одговорни компании, преку свои иницијативи за пошумување допринесуваат во збогатување на шумскиот фонд во државата. Токму во таа насока е и оваа убава иницијатива од страна на Халкбанка, за која лично јас и министерството даваме безрезервна поддршка во нејзина реализација“, истакна на средбата министерот Николовски.

Оваа година како министерство ја спроведуваме најголемата акција за пошумување АЈДЕ ДА ПОШУМУВАМЕ ЗАЕДНО, во која е предвидено засадување на 1.200.000 садници во 19 региони во државава на 36 различни локации.

Зелената транзиција, за нас како министерство, е еден од петте важни приоритети во работа на министерството, а токму пошумувањето една од нашите цели за успешно реализирање на зелените принципи. Да им оставиме на идните генерации чиста, зелена и европска држава.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте