spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Бесими - До ЕУ ќе биде доставен Концептот на реформската агенда...

МФ: Бесими – До ЕУ ќе биде доставен Концептот на реформската агенда за Планот, со областите од Планот, инвестициските проекти и дополнителни приоритетите

Владата на Република Северна Македонија ги започна активностите за подготовка на реформската агенда за Планот за раст на Западен Балкан. Вчера во Брисел се одржа првиот билатерален состанок, делегацијата предводена од министерот за финансии Фатмир Бесими ги презентираа реформските активности.

„Со Планот се клучни четири области, и тоа делот на интеграција во единствениот пазар на ЕУ, регионалната соработка, фундаменталните реформи, поврзани со почитувањето на основните права и владеење на правото и начинот на финансирање.  Друг дел во нашата реформска агенда се инвестициските проекти кои се очекува да се поддржат со овој План и со постојните инструменти на ЕУ. И дополнително, покрај ова со нашата реформска агенда имаме дефинирано и дополнителни приоритети“, рече министерот Бесими во изјава за МИА.

Како што посочи тие дополнителни приоритети се однесуваат на доброто владеење, реформи во јавната администрација и поддршка на јавните финансии, потоа во деловната клима и неформалната економија, развојот на човечкиот капитал и прилагодување на нашиот образовен систем за образование, обуки и вештини согласно потребите на пазарот на трудот, енергетската и зелената транзиција, како и дигитализација на процесите.

– Првиот приоритет се однесува на доброто владеење, реформите во јавна администрација и поддршка на јавните финансии. Главна цел е да се направат институции кои функционираат ефикасно во интерес на граѓаните и стопанството, да се зголеми професионалноста, одговорноста, транспарентноста и ефикасноста на јавните услуги и на тие што се во јавниот сектор, без разлика дали е тоа јавната администрација или носителите на политиките, истакна Бесими.

Тој додаде дека втората област која опфаќа реформи во делот на деловната клима и неформалната економија се однесува на реформи што ќе значат подобрување на конкурентноста на домашната економија, пристап до финансии за малите и средните претпријатија, вклучување на нашите компании во глобалните синџири на снабдување, пристап до европскиот пазар, како и намалувањето на неформалната економија.

Министерот појасни дека во делот на намалување на неформалната економија и подобрувањето на конкурентноста, е опфатено и земјоделството кое има можности и потенцијал да се развие со цел да се намали неформалната економија, но и поефикасно да се користат земјоделското земјиште и средствата што се даваат за поддршка на земјоделците.

Третата приоритетна област, како што наведе министерот, од аспект на реформската агенда, е развојот на човечкиот капитал и прилагодување на нашиот образовен систем за образование, обуки и вештини согласно потребите на пазарот на трудот.

Следна приоритетна област се енергетската и зелената транзиција, која се однесува на намалување на користењето на фосилните горива, односно премин на обновливи извори на енергија, зголемување на енергетската ефикасност, како и диверзификација на изворите за снабдување со енергија, со цел да се зајакнат енергетската независност и безбедност, но и за зголемување на домашните капацитети и намалување на зависноста од само еден извор на енергија, потенцира Бесими.
Во реформската агенда покрај овие приоритетни области, како посебна хоризонтална област, која се испреплетува со претходните е процесот на дигитализација, што ќе значи дигитализирање на целиот систем.

Нашата земја, како и останатите земји од Западен Балкан до 6 декември, треба да го достават концептот на реформи до Европската комисија и таа да ги оцени и да ги прифати. Потоа, ќе бидат доставени до Советот на ЕУ, кој на 13 декември ќе ги разгледа на Самитот ЕУ-Западен Балкан. Целосната реформска агенда треба да биде завршена до почетокот на вториот квартал од 2024 година, по што ќе следува и конкретната реализација на реформите согласно утврдена динамика и исплата на средствата за поддршка на нивното спроведување.

Со Планот за раст на ЗБ на земјите од регионот им се става на располагање финансиска поддршка од 6 милијарди евра, од кои 2 милијарди грант средства и 4 милијарди се заеми. Од нив половина или 3 милијарди се за буџетска поддршка на реформите и 3 милијарди евра за поддршка на инвестициски проекти. За РС Македонија од Планот за раст ќе бидат достапни помеѓу 800 и 900 милиони евра. Исплата ќе се врши два пати годишно, а ќе биде условена со реализација на реформската агенда.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте