spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Наш приоритет е социјално ранливите категории на граѓани што повеќе да...

МТСП: Наш приоритет е социјално ранливите категории на граѓани што повеќе да се вклучуваат на пазарот на трудот

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна со претседателот на Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија, Менди Ќура и претставници од комората. На средбата се разговараше за недостатокот на работна сила во земјата.

 

Тренчевска на средбата посочи дека за неа е приоритет примателите на Гарантирана минимална помош да се вклучат на пазарот на трудот. Таа истакнува дека на таков начин 36.000 семејства ќе бидат извлечени од системот на социјална заштита и посочи дека моментално се работи на измени на Законот за социјална заштита за да може да се достигне посакуваната цел. Воедно министерката зборуваше и за Предлог законот за работно ангажирање на лица во одредени дејности кој има за цел да ја намали сивата економија во и да го олесни пристапот до пазарот на трудот.

 

Претставниците од стопанската комора ги искажаа своите ставови во однос на недостигот на работници и истакнаа свои решенија кои писмено ќе бидат доставени до Министерството за труд и социјална политика.

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

 

Прочитајте

Мицкоски: За многу скоро од денес од оваа говорница ќе слушате...

0
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност ќе слушне што се...