spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Известување за достава на Годишен план за обуки за административни службеници...

МИОА: Известување за достава на Годишен план за обуки за административни службеници за 2024 година

Министерството за информатичко општество и администрација потсетува на законската обврска од член 58 став (1) од Законот за административните службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16, 11/18 и од „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 14/20, 215/21 и 99/22), за донесување на Годишен план за обуки на административни службеници од страна на органите и институциите од член 3 став (1) од истиот закон, а по претходно добиено мислење од Министерството за информатичко општество и администрација.

 

Во таа смисла, согласно законските надлежности, Министерството за информатичко општество и администрација донесе Годишна програма за генерички обуки на административните службеници за 2024 година, достапна на следната веб – локација https://mioa.gov.mk/mk-MK/news/godisna-programa-za-genericki-obuki-na-administrativni-sluzbenici-za-2024-godina.nspx и Годишна програма за обука за административно управување за 2024 година, достапна на следната веб – локација https://mioa.gov.mk/mk-MK/news/godisna-programa-za-obuka-za-administrativno-upravuvane-za-2024-godina.nspx

 

Истовремено, укажуваме на законскиот рок за подготовка на индивидуалните планови за стручно усовршување, прецизиран во член 2 став (1) од „Правилникот за начинот на спроведување на полугодишното интервју, формата и содржината на извештајот за полугодишно интервју, поблиските критериуми за начинот на оценување на административниот службеник, поблиските критериуми за начинот на оценување на административен службеник во институции со помалку од 20 административни службеници, формата и содржината на обрасците за оценување, формата и содржината на извештајот со ранг листа на годишните оценки, како и содржината на извештаите и начинот на оценување на административните службеници во други околности“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 63/18), според кој: „Од страна на непосредно претпоставениот административен службеник, односно раководниот административен службеник, односно секретарот или раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар, во случаите кога административниот службеник нема непосредно претпоставен административен службеник (во натамошниот текст: претпоставениот), во периодот од 01 до 15 декември, се утврдуваат работните цели и задачи за наредната година, како и индивидуалните планови за стручно усовршување за сите административни службеници со кои раководи.“.

 

Имајќи го предвид горе наведеното, а заради навремено добивање на мислење од Министерството за информатичко општество и администрација во законски утврдените рокови, органите, институциите и единиците на локалната самоуправа и Градот Скопје, до Министерството за информатичко општество и администрација треба да ги достават на мислење своите Годишни планови за обуки на административните службеници за 2024 година, најдоцна до 25.12.2023 година (понеделник), во печатена и во електронска форма.

 

При подготовка на нацрт – Годишните планови за обука на административните службеници за 2024 година, молиме да се почитуваат одредбите од „Правилникот за содржината и формата на годишен план за обуки на административните службеници и извештајот за негова реализација“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 142/14) и нацрт – Годишните планови за обука на административните службеници за 2024 година да ни се достават, во печатена форма до Министерството за информатичко општество и администрација и во електронска форма на следната е-поштаobuki@mioa.gov.mkпри што, електронската форма да биде Excel документ, а не скениран или PDF документ.

 

 

Заради унифицирана форма на нацрт-Годишните планови за обука на административните службеници за 2024 година и Извештаите за реализација на плановите, молиме да се следат: Образецот за подготовка на ГПО за 2024 година и Образецот за подготовка на извештаите за реализација на годишните планови за обука за 2024 година, подготвени од МИОА во согласност со белезите, утврдени во „Правилникот за содржината и формата на годишен план за обуки на административните службеници и извештајот за негова реализација“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 142/14), кои МИОА практикува да ги користи со години наназад, а се во прилог на ова Известување.

 

Подвлекуваме дека сите нацрт-Годишни планови за обука на административните службеници за 2024 година, коишто се доставени или ќе бидат доставени пред или по утврдените законски рокови, нема да бидат предмет на разгледување од страна на Министерството за информатичко општество и администрација.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година,...