HomeМинистерстваМЗ: Здравствените установи ќе работат континуирано за време на Министерскиот совет на...

МЗ: Здравствените установи ќе работат континуирано за време на Министерскиот совет на ОБСЕ

spot_img
spot_img

Министерството за здравство информира дека одлуката 29 и 30 ноември да бидат неработни денови за сите вработени во државната и јавната администрација во Скопје поради одржувањето на 30. министерски состанок на ОБСЕ не важи за вработените во здравствените установи.

Здравствената заштита ќе се одвива континуирано и непрекинато за сите пациенти како и досега и нема да влијае на достапноста на здравствена заштита на населението.

Поради одржувањето на овој важен министерски состанок, медицинските установи се задолжени во овие денови да имаат обезбедено дежурни лекарски екипи и друг медицински персонал со потребни простори и опрема за укажување медицинска помош, односно да бидат во состојба на подготвеност со своите капацитети.

Правните лица со дејност здравствена заштита лоцирани во Скопје, потребно е мерката прва медицинска помош да ја извршуваат во согласност за стандардните оперативни процедури на Дирекцијата за заштита и спасување.

Триесеттиот министерски состанок на ОБСЕ ќе биде 24 часа покриен со дополнително присуство на екипи од Итната медицинска помош.

 

 

 

Извор: Министерство за здравство 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија