spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Меџити на средби во Лондон за планирање на следните активности за...

МЗ: Меџити на средби во Лондон за планирање на следните активности за изградба на новиот Клинички центар

Меџити на средби во Лондон за планирање на следните активности за изградба на новиот Клинички центар Почитувани, Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити е во работна посета на Обединетото Кралство кадешто вчера оствари средба со специјалниот претставник на Премиерот на Обединетото Кралство за трговија со Западен Балкан Мартин Викерс, главниот оперативен директор на „International Hospitals Group“ (IHG) Симон Ешворт и со заменик-шеф на одделот за здравство (инфраструктура, едукација и тренинг) во Министерството за бизнис и трговија Дејвид Шепард. Во фокусот на средбата беше планирањето на следни активности за изградба на нов Универзитетски Клинички центар. Ќе се формира работна група составена од претставници од повеќе министерства кои ќе имаат различни надлежности во однос на проектот, а како следен чекор што ќе се преземе е ревизија на веќепостоечката студија за изводливост. На состанокот се говореше за актуелните предизвици и приоритети, со цел унапредување на здравствените услуги, како и иницијативи и проекти од областа на здравството. Двете страни изразија интерес за планирање на здравствени едукации и размена на здравствени кадри помеѓу двете земји. Меџити изрази голема благодарност за досегашната поддршка од страна на Обединетото Кралство и истакна дека е од голема важност обучувањето на нашиот персонал за работа по најнова методологија во повеќе области на медицината. Личната заложба на Викерс преку неговиот ангажман и посети кои ги реализира во регионот, ќе бидат движечката сила за понатамошното продлабочување на соработката помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство.

 

 

 

 

Извор: Министерство за здравство 

Прочитајте

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк, да се обединиме во...

0
Почитувани, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари средби со македонската дијаспора во Њујорк, САД. Присуствуваше на вечерната богослужба во чест на светите...