spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Издадени се 23 правосилни одобренија за градење во периодот од јуни...

Центар: Издадени се 23 правосилни одобренија за градење во периодот од јуни до ноември 2023 година

Општина Центар минатата година започна со објавување на полугодишни извештаи за издадените правосилни одобренија за градење, доградба и надградба и линиска инфраструктура на територија на општината.

Од месец јуни 2023 година, заклучно со ноември 2023 година, издадени се вкупно 23 правосилни одобренија за градба, од кои 22 се одобренија за градба и едно одобрение е за доградба/надградба на веќе постоечки објекти.

Општина Центар е првата општина во државата која ја воспостави оваа практика со објавување на издадените одобренија за градење, истовремено поставувајќи позитивен пример и за останатите општини како во Скопје, така и во целата земја.

Полугодишен извештај за издадени одобренија од јуни до ноември 2023 година

 

 

 

 

 

Извор: Општина Центар 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...