spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Соопштение

Град Скопје: Соопштение

Годинава се реконструирани спортските игралишта на средните училишта на Град Скопје “Панче Арсовски“ и “Сарај”, додека во училиштата Ѓорѓи Димитров и Марија Кири Склодовска реконструирани се целосно спортските сали.

Во рамки на активностите и во средното училиште на Град Скопје „Васил Антевски Дрен“ учениците сега имаат пристап до реконструирано спортско игралиште за кошарка, кое им овозможува на средношколците и наставниот кадар одлични услови за одржување на наставата по физичко воспитување, спортување, и рекреирање.

Град Скопје едновремено отпочна и со имплементација на проектот од програмата За модерно Скопје, со кој се реализира поставување на надворешни фитнес зони со современи фитнес реквизити во дворните места на училиштата, кои имаат за цел поттикнување на здрави животни навики кај учениците. Преку овие инвестиции се овозможува на младите спортисти кои учествуваат во училишната лига, но и на сите средношколци да тренираат и да се надградуваат, со што надворешните спортски терени, фискултурните сали и фитнес зоните стануваат одлично место за дружење и спортување.

 

 

 

Извор: Град Скопје

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година,...