spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБутел: Објектите добиваат фотоволтаици

Бутел: Објектите добиваат фотоволтаици

Вчера во oпштина Медвеџа (Република Србија) градоначалникот Дарко Костовски го започна проектот за поставување фотоволтаици на неколку општински објекти.

Со овој проект, кој е во целост финансиран и поддржан од Европската Унија, општина Бутел обезбеди поставување на фотоволтаици на неколку објекти – општинската зграда, ООУ “Ацо Шопов”, ООУ “Св. Климент Охридски” и објектот на детската градинка “Ташко Караџа” во Радишани.Овие објекти ќе станат енергетско ефикасни.

Поставувањето на фотоволтаици за производство на електрична енергија ќе значи олеснување на ударот од енергетската криза. Општина Бутел на овој начин ќе ги намали трошоците за електрична енергија.

Воедно, општина Бутел ќе биде прва општина во која ќе се формираат енергетски задруги. Со овие активности, локалната самоуправа вложува во зелената енергија и развојот на претприемништвото, а ќе поттикне многумина да инвестираат во обновливи извори на енергија.

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година,...